Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Хрватска сатирична приказна го измами претседателот на руската Државна дума: случајот заврши пред Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Putin90099

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, на состанок со претседателот Владимир Путин пренел измислена приказна од хрватски сатиричен портал, уверувајќи дека станува збор за реален корупциски скандал во Европската унија, објави „Медуза“.

— реклама —

Володин, говорејќи за потребата од законски надзор врз вештачката интелигенција, посочил дека технологијата носи „предизвици и проблеми“. За да ја поткрепи тезата, тој навел случај за наводна корумпирана „министерка за вештачка интелигенција“, не знаејќи дека таа вест потекнува од хрватскиот сатиричен портал NewsBar.

— реклама —

Според измислената приказна, министерката во Албанија која е „компјутер“ по име Диела за време на обуката анализирала податоци од јавни набавки и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“.

— реклама —

Министерката“ потоа наводно примила 14 биткоини за да одобри проект за автопат, а на суд требало да ја брани ChatGPT, додека нејзините обврски привремено ги презел „стар модел калкулатор Casio“.

Всушност, приказната е целосно сатирична. NewsBar ја објавил само неколку дена претходно, а повеќе големи руски канали на „Телеграм“ ја пренеле како реална информација, по што, најверојатно, стигнала и до Володин.

Во реалноста, Албанија – која не е членка на ЕУ – во септември назначи прототип-AI алатка наречена Диела, интегрирана во системот за јавни набавки како антикорупциска мерка, но таа не е министерка ниту е дел од корупциски скандал.

Некои руски канали подоцна ги избришале објавите или додале појаснување дека станува збор за сатира.

Ова не е првпат хрватски сатиричен текст да заврши во руските медиуми како „вистинска вест“. Во октомври 2025 година широко циркулираше приказна за наводна змија што угризала Хрват и угинала поради труење со алкохол – исто така измислена сторија на NewsBar од 2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 12 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 14 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања