Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски е согласен да разговара за планот на Трамп: „Отворени сме за чесна работа со САД“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Планот за мир во Украина – за кој деновиве се шпекулираше без официјална потврда – конечно доби појасни контури. Киев добил нацрт-документ подготвен од администрацијата на Доналд Трамп, а претседателот Володимир Зеленски порача дека е подготвен да разговара и да работи со Вашингтон на понудената рамка, иако таа носи сериозни отстапки за Украина.

Според делови од планот што ги пренесоа американските медиуми, од Украина се бара целосно да се повлече од Донбас, да ја намали армијата на 600.000 војници и да гарантира дека нема да се приклучи на НАТО. Како компензација, во Полска би биле распоредени европски борбени авиони како дел од „цврсти безбедносни гаранции“, а Русија постепено би била реинтегрирана во светската економија преку укинување на санкциите и враќање во Г8.

— реклама —

„Американската страна ја изложи својата визија. Ние ги презентиравме нашите принципи. Се договоривме тимовите да продолжат да работат на точките“, изјави Зеленски, додавајќи дека ќе разговара со Доналд Трамп во наредните денови.

Белата куќа тврди дека планот не бара „драматични отстапки“ и дека е прифатлив за двете страни, а Москва се обидува да го минимизира значењето на иницијативата, нагласувајќи дека „не се во тек вистински консултации“.

— реклама —

Зеленски и неговиот кабинет уверуваат дека Украина ќе учествува во процесот само доколку исходот значи „праведен крај на војната“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 2 дена

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања