Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жерновски ќе поднесе претставка до Судскиот совет: Како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryt35loso5kg6qckWa1Xe

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева.

 „Портпаролот на Владата, г-ѓа Митева, јавно соопшти „исход“ од судска постапка која сè уште е во тек.

— реклама —

Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена.

Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок.

— реклама —

Она што е уште поскандалозно е фактот дека конкретната судска постапка воопшто и не се води против Владата, туку против Претседателот на државата.

Прашањето е едноставно:

Како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес во кој не се јавува како странка во постапка?

Како истата располага со информации дека воопшто е донесена првостепена одлука, дека има жалба и дека истата е неоснована, во услови кога воопшто не е донесена второстепена одлука?

Ова не се „гласини кои кружат во јавноста“. Тоа може да биде единствено информација добиена директно од самиот суд.

Со ова само се потврдува влијанието и недозволивото мешање на извршната во судската власт, спротивно на уставните принципи на владеење на правото и поделба на власта.

Поради сериозноста на ситуацијата, поднесувам претставка до Судскиот совет.

Политичка и судска одговорност за овој скандал мора да има. И ќе има!“, посочи Жерновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Жерновски за поразот на Орбан: Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryfi1n8jrms6kg5rpzyqw

Жерновски: Мицкоски лаже за ЕУ и ја краде иднината на младите

Македонија | пред 2 седмици

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

(Видео) „Во одредени моменти бев на нишан“ – Жерновски за првпат тврди дека пред да стане градоначалник бил таргет

Студио | пред 3 седмици

media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања