Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Жртва на семејно и сексуално насилство ставила евтина спирала и стасала до операција: Левица бара субвенции за контрацепција за жртвите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
semejno-nasilstvo


 ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам... Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство... Спиралата ја ставив пред 4 - 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција", ова е сведоштво на жртва на семејно насилство што на почетокот на т.н. 16 дена активизам, им го доверила на жените од АФЖ Левица. 

 ,,Зошто државата да не субвенционира квалитетни спирали за жените - жртви на семејно насилство, за да не се доведуваат во ситуација да ставаат евтини спирали како мене, а повеќе од јасно е дека како жени - жртви се на работ на егзистенцијата и не можат да си дозволат нешто поскапо?", прашува, но и предлага жртвата на семејно насилство која единствена поддршка гледа во неколку организации и во АФЖ - Левица, во пратеничката Јована Мојсоска, но не и во државата. 

,,Зад овој предлог, за обезбедување на квалитетни контрацептивни средства за жените - жртви, стоиме и ние од АФЖ Левица и во континуитет продолжуваме да ги застапуваме барањата и интересите на жените - жртви на насилство", велат од АФЖ.

,,Не трпи! Не молчи! 
Едуцирај се, охрабри се! Делувај!" е слоганот на Кампањата на АФЖ - Левица по повод 16-те дена активизам.

,,Нашата кампања оди во насока на обелоденување на немили сведоштва на жени - жртви на родово базирано насилство во приватниот и јавниот живот, но и жени - жртви на институционално насилство. Воедно, работиме и на онлајн - кампања за едукација на жртвите и жените воопшто од аспект на Истанбулската конвенција", додаваат од АФЖ Левица.

Потсетуваат и дека насилството во Македонија е во подем, системот - во распад, фемицидот, за жал, е присутен во секојдневието. Од АФЖ Левица апелираат:
,,Стоп за насилството!"

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања