Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Индициите упатуваат на многу поголем криминал, ова е само почеток, рече Мицкоски најавувајќи проширена истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryv20bb6gepsal0JNGG97

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.

— реклама —

„Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информации.

— реклама —

Тој посочи дека со правилник донесен од претходната власт било овозможено производство на цвет од канабис со квалитет под стандардите, кој потоа би се користел за производство на масло што се пласирало на пазарот, што, според него, отворило простор за сериозни злоупотреби.

„Потребна е сериозна истрага. Ова е само почеток. Од индициите што ги имаме и од она што МВР го работи – телефонски комуникации, разговори и друг вид докази – јасно е дека случајот ќе биде многу поголем“, нагласи премиерот, додавајќи дека институциите ќе одат до крај во расчистувањето на целиот синџир на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 21 час

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 21 час

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања