Промени тема
Контакт

Индија се сврте кон руската нафта и покрај притисокот од САД: увозот достигна рекордно ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
nafta-pristaniste

Индија во јули го зголемила увозот на руска сурова нафта до рекордно ниво и покрај притисокот од САД врз Њу Делхи да ја намали трговијата со Москва.

Русија во јули обезбедила 50,83 отсто од вкупниот индиски увоз на сурова нафта, односно околу 2,47 милиони барели дневно. Тоа е за 62,4 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците од трговски извори.

Иако јулскиот увоз бил нешто помал од рекордните 2,6 милиони барели дневно во јуни, Русија и натаму останува убедливо најголем снабдувач на индискиот пазар.

— реклама —

Индиските рафинерии од почетокот на годинава почнале да го намалуваат увозот од Русија поради стравувањата од повисоки американски царини. Сепак, нарушувањата во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток поради војната со Иран ги натерале повторно да се потпрат на руските испораки.

Во меѓувреме, Вашингтон го зголемува притисокот врз земјите што купуваат руска нафта. Американскиот Сенат овој месец усвои закон со кој се предлага воведување царини од 100 отсто за купувачите на руска нафта, што дополнително би ја усложнило позицијата на Њу Делхи.

Во првите четири месеци од тековната фискална година, која започна во април, рускиот удел во индискиот увоз достигнал 43,25 отсто, со просечен увоз од повеќе од два милиона барели дневно.

— реклама —

Зголемувањето на руската нафта главно се случило на сметка на снабдувачите од Блискиот Исток. Нивниот удел во индискиот увоз паднал од 43 отсто на околу 30 отсто во периодот од април до јули.

Русија останала најголем снабдувач на Индија, додека Обединетите Арапски Емирати го презеле второто место од Ирак.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Индија се откажува од набавка на руски авиони

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryet57rf3da6ob5nOtj57

(Видео) Обилни дождови и поплави во Индија: Најмалку 14 загинати, илјадници евакуирани

Свет | пред 1 месец

media-libraryrkv0k58f4pjqf81j7d7

(Видео) Пар се закопал жив, прегрнат, како симбол на вечна љубов

Свет | пред 1 месец

media-libraryaecu1hp1t6a45VsYrXv

Сиљановска-Давкова: Време е економските односи со Индија да добијат нова динамика

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања