Промени тема
Контакт

Индонезија воведува државна контрола врз извозот на палмино масло и јаглен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library6flqpjbb5c8kdAL94Gw
Photo by Nazarizal Mohammad on Unsplash

Индонезија ќе го централизира извозот на клучни суровини со цел да ги зголеми приходите и да ја засили контролата врз природните ресурси, најави претседателот Прабово Субианто.

Тој изјави дека државата во последните 34 години изгубила дури 908 милијарди долари поради продажба на суровини по ниски цени.

Според новите мерки, производи како палмино масло, јаглен и феролегури ќе се продаваат исклучиво преку компанија управувана од државата.

— реклама —

„Нашите ресурси мора да бидат во корист на сите Индонезијци“, порача Субианто во парламентот.

— реклама —

Во првата фаза, мерката ќе ги опфати јагленот, палминото масло и феролегурите, а владата на секои три месеци ќе одлучува дали листата ќе се проширува со нови суровини.

Дополнително, од 1 јуни, сите извозници на природни ресурси ќе мора приходите од продажбата да ги депонираат во индонезиски државни банки, со цел стабилизација на националната валута – рупијата.

— реклама —

Индонезија е еден од најголемите светски извозници на палмино масло и јаглен, а владата смета дека со поголема контрола врз извозот ќе се зголемат државните приходи и ќе се спречат злоупотреби со цените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 2 седмици

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 2 седмици

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања