Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата во Германија продолжи да забавува, во јуни падна на 2,3 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
stack-money-coin-with-trading-graph

Инфлацијата во Германија продолжи да забавува и во јуни, втор месец по ред, поттикната од значително побавното поскапување на енергијата, покажуваат прелиминарните податоци на германскиот завод за статистика „Дестатис“.

Според статистичарите, потрошувачките цени во јуни биле повисоки за 2,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Во мај годишната стапка на инфлација изнесуваше 2,6 отсто.

— реклама —

Станува збор за најблаг раст на потрошувачките цени од февруари, кога инфлацијата изнесуваше 1,9 отсто.

— реклама —

Цените на енергијата во јуни биле повисоки за 3,4 отсто на годишно ниво, што претставува значително забавување во споредба со мај, кога растот изнесуваше 6,6 отсто, и април, кога беше регистрирано поскапување од 10,1 отсто.

Во исто време, храната во Германија поскапела за 0,4 отсто во однос на лани, додека цените на услугите продолжиле да растат со стапка од 3,1 отсто.

— реклама —

Основната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, останала непроменета на 2,5 отсто.

На месечно ниво, потрошувачките цени во јуни се намалиле за 0,3 отсто, по падот од 0,2 отсто забележан во мај.

Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој овозможува споредба меѓу земјите од Европската Унија и еврозоната, покажал годишна инфлација од 2,4 отсто во јуни, што е помалку од 2,7 отсто, колку што изнесуваше во мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

ДЗС: Инфлацијата во септември 2,7%, храната поскапела за 0,5%

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
stack-money-coin-with-trading-graph

Нов пораст на инфлацијата во ЕУ: Каде најмногу поскапеле цените?

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-40-8650PM

Инфлацијата 2,3 отсто во јули – транспортот најголем удар за граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

pari

Инфлацијата во Македонија забави на 2,3 проценти во јули

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања