Промени тема
Контакт

Инфлацијата 2,3 отсто во јули – транспортот најголем удар за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-40-8650PM

Трошоците на животот во јули 2026 година бележат зголемување од 2,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците за индексот на трошоците на животот.

На месечно ниво, односно во споредба со јуни 2026 година, трошоците на животот се зголемиле за 0,1 отсто.

Најголемо зголемување на трошоците во јули е забележано кај транспортот, каде што цените пораснале за 4,4 отсто. Следуваат рекреацијата, спортот и културата со раст од 2,6 отсто, додека трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива се зголемиле за 0,9 отсто.

Рестораните и услугите за сместување поскапеле за 0,7 отсто, услугите за образование за 0,3 отсто, а алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците за 0,1 отсто.

— реклама —

Од друга страна, во јули е забележано намалување на трошоците кај неколку групи. Најголемо поевтинување има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домаќинствата, каде што трошоците се намалиле за 1,4 отсто.

— реклама —

Храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 1,1 отсто, облеката и обувките за 0,2 отсто, а информациите и комуникациите и здравствената заштита за по 0,1 отсто.

Трошоците во групите осигурување и финансиски услуги и лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги останале на исто ниво како и во јуни.

— реклама —

Индексот на цените на мало во јули 2026 година, во однос на јуни, изнесува 101,3, што покажува месечен раст од 1,3 отсто.

На годишно ниво, индексот на цените на мало во јули бележи зголемување од 1,8 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

stack-money-coin-with-trading-graph

Нов пораст на инфлацијата во ЕУ: Каде најмногу поскапеле цените?

Свет | пред 1 седмица

pari

Инфлацијата во Македонија забави на 2,3 проценти во јули

Македонија | пред 3 седмици

17102024_Durmishi

Дурмиши: Инфлацијата е под контрола, засега нема потреба од нови мерки

Македонија | пред 1 месец

market-pari

Инфлацијата во јуни се намали за 0,5 отсто, но цените и натаму се повисоки од лани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања