Инфлацијата во Европската Унија повторно бележи благ пораст. Во јули годишната стапка достигнала 3 отсто, откако во јуни изнесувала 2,9 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во еврозоната, потрошувачките цени во јули пораснале за 2,9 отсто на годишно ниво, во однос на 2,8 отсто во јуни. Евростат ја потврдил и претходната проценка, при што е забележан нешто поголем раст на цените на енергијата од 10,3 отсто, додека свежата храна поскапела за 2,4 отсто.
И на месечно ниво е регистриран благ пораст на цените во ЕУ од 0,2 отсто. За споредба, во јуни потрошувачките цени се намалиле за 0,1 отсто.
Романија повторно има највисока инфлација меѓу земјите членки, со годишен раст на потрошувачките цени од 8,2 отсто. Следува Литванија со 5,4 отсто, додека Кипар и Бугарија го делат третото место со инфлација од 4,4 отсто.
Хрватска е на петтото место со годишна инфлација од 3,6 отсто, што претставува значително забавување во однос на јуни, кога стапката изнесувала 4,2 отсто.
Најниска инфлација во јули е регистрирана во Шведска, од само 0,3 отсто, додека во Чешка изнесувала 1,3 отсто. Во Данска и Унгарија стапката била 1,6 отсто.