Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

На Европа ѝ се заканува нов бран поскапувања, инфлацијата ќе биде повисока од очекуваното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library45vicbt77qoq0tf9ti2
фото: unsplash

Нов бран поскапувања би можел да ја погоди еврозоната откако економистите ги зголемија прогнозите за инфлацијата во 2026 и 2027 година, пред сè поради растот на цените на енергенсите. Истовремено, нивните очекувања за економскиот раст се подобрени.

— реклама —

Според истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за четвртиот квартал од 2026 година, инфлацијата во еврозоната, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, се очекува да достигне три отсто во 2026 година и 2,6 отсто во 2027 година. Тоа е зголемување за 0,3, односно 0,4 процентни поени во однос на претходните прогнози.

— реклама —

Економистите сметаат дека последиците од енергетскиот шок предизвикан од војната на Блискиот Исток најсилно ќе се почувствуваат врз инфлацијата во текот на 2027 година. Сепак, не очекуваат значително прелевање на повисоките цени на енергенсите врз цените на другите производи и услуги.

Подобрени се и прогнозите за економскиот раст. Се очекува бруто-домашниот производ на еврозоната да порасне за еден отсто во 2026 година, а за 1,3 отсто во 2027 и 2028 година.

— реклама —

Во однос на претходното истражување, прогнозата за 2026 година е зголемена за 0,4 процентни поени, а за 2027 година за 0,1 процентен поен. Долгорочната прогноза за растот во 2031 година исто така е зголемена за 0,1 процентен поен, на 1,3 отсто.

Анкетата била спроведена од 2 до 7 октомври, а учествувале 52 економски експерти од финансиски и нефинансиски институции со седиште во Европа. Новите макроекономски проекции на експертите на Евросистемот за еврозоната ќе бидат објавени на 18 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

ДЗС: Инфлацијата во септември 2,7%, храната поскапела за 0,5%

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
stack-money-coin-with-trading-graph

Нов пораст на инфлацијата во ЕУ: Каде најмногу поскапеле цените?

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-40-8650PM

Инфлацијата 2,3 отсто во јули – транспортот најголем удар за граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

pari

Инфлацијата во Македонија забави на 2,3 проценти во јули

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања