Промени тема
Контакт

Инфлацијата во Македонија забави на 2,3 проценти во јули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
pari

Годишната инфлација во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со јули минатата година, индексот на трошоците на животот е повисок за 2,3 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,8 проценти.

Во однос на претходниот месец, инфлацијата изнесува 0,1 процент, што укажува на минимален месечен раст на трошоците на животот.

— реклама —

Во споредба со јуни, најголем пораст на цените е забележан кај транспортот, за 4,4 проценти, следуваат рекреацијата, спортот и културата со 2,6 проценти, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива со 0,9 проценти, како и рестораните и услугите за сместување со 0,7 проценти. Благ пораст има и кај услугите за образование, како и кај алкохолните пијалаци и тутунот.

— реклама —

Од друга страна, намалување на трошоците на животот е регистрирано кај покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 1,4 проценти, храната и безалкохолните пијалаци за 1,1 процент, облеката и обувките за 0,2 проценти, како и кај информациите и комуникациите и здравствената заштита за 0,1 процент.

— реклама —

Во споредба со јуни, кога годишната инфлација изнесуваше 3,4 проценти, јулските податоци покажуваат забавување на растот на цените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

stack-money-coin-with-trading-graph

Нов пораст на инфлацијата во ЕУ: Каде најмногу поскапеле цените?

Свет | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-40-8650PM

Инфлацијата 2,3 отсто во јули – транспортот најголем удар за граѓаните

Македонија | пред 3 седмици

17102024_Durmishi

Дурмиши: Инфлацијата е под контрола, засега нема потреба од нови мерки

Македонија | пред 1 месец

market-pari

Инфлацијата во јуни се намали за 0,5 отсто, но цените и натаму се повисоки од лани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања