Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот“, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library73cu7p3coie6agFnBm2

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета на Гевгелија најави дека Владата ќе продолжи со инфраструктурните инвестиции во општината, меѓу кои и изградба на нов влез во градот.

— реклама —

Заедно со градоначалникот изврши увид во реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, проект вреден 81 милион денари, финансиран со поддршка од Владата.

— реклама —

„Овој проект целосно ќе го промени изгледот на овој дел од градот. Покрај обновата на инфраструктурата, ќе се постави подземна инсталација и современо осветлување, што ќе му даде нов дух на просторот и ќе придонесе за развој на локалното стопанство и туризмот“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој најави дека Министерството за транспорт ќе го преземе проектот за изградба на нов влез во Гевгелија, кој ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа.

— реклама —

Николоски истакна дека досега преку Министерството за транспорт во Гевгелија се инвестирани повеќе од 165 милиони денари. Покрај реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, реализирани се и изградбата на улицата „Новопланирана“, парк со детско игралиште на улицата „Деко Ковачев“, реконструкцијата на дел од булеварот „Гевгелија“ и натпатникот на улицата „Железничка“, како и реконструкција на улици во селата Моин, Прдејци и Богородица. Дополнително, завршена е и третата фаза од изградбата на Западниот булевар со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и поддршка од Светска банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања