Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иран: Американските напади го направија примирјето практично бесмислено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иранското Министерство за надворешни работи најостро ги осуди ноќните американски воздушни напади врз Техеран, оценувајќи дека тие го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“.

— реклама —

„Нелегалните и криминални напади на САД во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните принципи на меѓународното право за почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на државите, туку и примирјето постигнато на 8 април го направија практично бесмислено“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од иранските медиуми.

— реклама —

Техеран оцени дека најновите американски напади дополнително ја продлабочуваат кризата и ја поткопуваат секоја можност за деескалација на конфликтот.

— реклама —

Реакцијата на Иран доаѓа по новиот бран воздушни удари што американските сили ги извршија врз цели во Иран, во услови на зголемени тензии и меѓусебни напади меѓу двете земји.

— реклама —

Со ова, иднината на примирјето договорено на 8 април останува неизвесна, додека меѓународната заедница сè погласно повикува на воздржаност и враќање на дипломатските преговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 1 ден

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 2 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања