Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иран бара Обединетите нации да го гарантираат договорот со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Иран најави дека ќе побара од Советот за безбедност на Обединетите нации со посебна резолуција да го поддржи конечниот договор со Соединетите Американски Држави, вклучително и делот што се однесува на иранската нуклеарна програма.

— реклама —

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран очекува конечниот договор да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност во рок од 60 дена по неговото потпишување.

„Очекуваме конечниот договор да биде поддржан со резолуција на Советот за безбедност на ОН во рок од 60 дена“, изјави Багаеи, додавајќи дека Иран ќе „учи од минатите грешки“.

— реклама —

Иако САД и Иран постигнаа рамковен договор за прекин на конфликтот, остануваат отворени повеќе прашања околу неговата имплементација. Меѓу нив е и режимот на пловидба низ Ормускиот Теснец.

— реклама —

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува теснецот долгорочно да остане отворен без транзитни такси, но призна дека деталите допрва ќе се договараат во техничките преговори.

Од иранска страна, пак, беше појаснето дека нема да се наплаќаат транзитни давачки, туку надоместоци за навигациски услуги, заштита на животната средина, осигурување на бродовите и други поморски услуги.

— реклама —

Според претходни информации на „Ројтерс“, нацрт-договорот предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, укинување на американската блокада на иранските пристаништа и продолжување на примирјето, додека разговорите за иранската нуклеарна програма би продолжиле уште 60 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 1 ден

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 2 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања