Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иран: Мировниот договор со САД нема да биде потпишан утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Мировниот договор меѓу Иран и САД сепак нема да биде потпишан утре, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.

— реклама —

Како што пренесуваат иранските државни медиуми, Багаеи изјавил дека Техеран мора да биде внимателен при најавувањето датуми за потпишување поради, како што наведе, двоумењето на САД.

Неговата изјава доаѓа во време на сè погласни шпекулации дека првичниот договор би можел да биде постигнат викендов, наводно и поради желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди договор пред самитот на Г7, кој започнува во понеделник.

— реклама —

Со ова, Техеран ги демантираше претходните изјави на пакистанскиот премиер, кој денеска тврдеше дека договорот е „поблизок од кога било“ и дека неговото потпишување најверојатно ќе се случи во следните 24 часа.

— реклама —

Во меѓувреме, Иран во Техеран одржа средби со своите клучни сојузници. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади разговараше со руски и кинески претставници за најновите случувања поврзани со нацрт-меморандумот за разбирање.

„Стратешкото партнерство меѓу Иран, Кина и Русија, како и координацијата и соработката меѓу трите земји, ќе продолжат цврсто“, изјави Гарибабади.

— реклама —

Од друга страна, Пакистан и натаму останува на ставот дека електронската церемонија за потпишување на договорот е закажана за недела и покрај пораките од Техеран дека договорот би можел да биде финализиран во наредните денови, но не и утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 1 ден

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 2 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања