Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран: Нема нови директни мировни преговори со САД без промена на нивните барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd
Masoud Pezeshkian

Иран нема да учествува во нови директни мировни преговори со Соединетите Американски Држави сѐ додека Вашингтон не ги промени своите „максималистички“ барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде.

— реклама —

Американска и иранска делегација минатиот викенд се сретнаа во пакистанскиот главен град Исламабад, но разговорите траеле помалку од еден ден и не бил постигнат договор.

Белата куќа претходно соопшти дека втор круг разговори најверојатно би можел повторно да се одржи во истиот град, при што Пакистан има важна посредничка улога меѓу двете земји.

— реклама —

Сепак, Хатибзаде истакна дека Техеран бара најпрво да се финализира „рамковен договор“ пред да се согласи на нова средба.

— реклама —

„Сè уште не сме стигнале до фаза во која можеме да одиме на нов состанок, бидејќи постојат прашања во кои Американците сè уште не се откажале од своите максималистички позиции“, изјави тој за Associated Press на дипломатски форум во Турција.

Тој додаде дека во последните денови имало бројни разменети пораки меѓу двете страни.

Иранскиот претставник нагласи и дека земјата нема да го предаде својот збогатен ураниум на САД, оценувајќи ја таа идеја како „неприфатлива од самиот почеток“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања