Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иран по одмаздувачките напади: Нанесовме голема штета на американските бази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarycjukibmir0203P1caeM

Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право.

— реклама —

Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат.

— реклама —

„Иранските вооружени сили им нанесоа голема штета на американските бази и позиции во регионот кои послужија како појдовна точка за овие напади. Нема да се двоумиме да ги нападнеме самите извори на агресијата“, порача иранското Министерство за надворешни работи.

Заканите следуваат откако Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз цели во Бахреин, Кувајт и Јордан, како одговор на американските удари врз ирански позиции во близина на Ормутскиот теснец. Вашингтон претходно соопшти дека нападите биле одмазда за соборувањето на американски воен хеликоптер „Апачи“.

— реклама —

Во меѓувреме, противвоздушната одбрана беше активирана во сите три држави, а засега нема официјални информации за евентуални штети на американските воени објекти.

— реклама —

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во меѓувреме остварил итни телефонски разговори со своите колеги од Саудиска Арабија и Турција, додека Техеран повторно ги повика соседните земји да не дозволат нивната територија да биде искористена за американски или израелски воени операции против Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 1 ден

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 2 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања