Промени тема
Контакт

Иран предупредува: Кршењето на примирјето во Либан носи силни последици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
napad-liban

Примирјето кое го опфаќа и Либан беше клучен дел од планот за двонеделен прекин на огнот со САД, соопшти денес претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф.

Кршењето на таа ставка може да доведе до огромни последици, особено откако Израел започна, како што изјави Калибаф, застрашувачки напади врз Либан, пренесува Ал Џазира.

„Либан и целата оска на отпорот, како сојузници на Иран, се неразделен дел од планот за прекин на огнот. Кршењето на примирјето носи со себе јасни и сериозни последици“, напиша Калибаф на својот профил на мрежата Икс.

— реклама —

Израел продолжи со интензивни напади врз Либан и по тоа што САД во вторник постигнаа двонеделен договор за прекин на огнот со Иран, кој, според Израел, е покровител на иранската група Хезболах.

— реклама —

САД, Иран и Израел, како и земјите посредници, изнесоа спротивставени тврдења за тоа дали прекинот на огнот се однесува и на борбите со Хезболах.

Хезболах презеде одговорност за лансирање ракети во текот на ноќта кон северен Израел, во своите први напади од почетокот на примирјето, наведувајќи дека тоа е одговор на силните израелски напади врз Либан претходниот ден, кои ги опиша како кршење на примирјето.

— реклама —

Во вчерашните напади на израелската војска врз Либан загинаа најмалку 254 лица, а повеќе од 1.165 се повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Свет | пред 2 седмици

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 2 седмици

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 1 месец

media-libraryuvvum54k1gl29GdH0se

Израелски напади предизвикаа пожари во јужен Либан

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања