Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран: САД и Израел нападнале локација кај нуклеарната електрана Бушехр

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иранската Организација за атомска енергија соопшти дека локација во близина на нуклеарната електрана Бушехр била погодена во напад, за кој Техеран тврди дека е извршен од САД и Израел.

Според соопштението, пренесено од иранските медиуми, во инцидентот што се случил вечерва нема жртви, ниту пак е предизвикана финансиска или техничка штета.

— реклама —

„Во инцидентот, кој се случи вечерва, нема ни финансиска ни техничка штета, ниту жртви, а ниеден дел од постројката не е погоден“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од иранската институција додаваат дека истата нуклеарна електрана била цел и на напад на 17 март, при што, како што тврдат, ниту тогаш немало последици.

Во реакцијата се нагласува дека нападите врз мирнодопски нуклеарни постројки претставуваат прекршување на меѓународните прописи.

— реклама —

„Нападите на мирнодопски нуклеарни постројки претставуваат јасно кршење на меѓународните прописи за имунитет на ваквите објекти од воено дејствување“, соопштија од Организацијата за атомска енергија на Иран.

Оттаму предупредуваат и на потенцијалните последици по регионалната безбедност, особено за земјите од Персискиот Залив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања