Промени тема
Контакт

Иран со порака до Трамп: Прифати ги условите или ризикуваш политички крах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library3u6620i3vspoauMEofG

Иран продолжува да го користи Ормуцкиот теснец како главна стратешка алатка во конфликтот, додека од Техеран доаѓаат предупредувања дека американскиот претседател Доналд Трамп може да ја загрози сопствената политичка иднина доколку не направи отстапки.

— реклама —

Во изјава за Си-Ен-Ен, ирански извор посочил дека земјата фактички воспоставува контрола врз клучната поморска рута, одлучувајќи кој може да помине и под какви услови.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Израел и да воспоставиме нов правен режим во Ормуцкиот теснец“, навел изворот, алудирајќи на информациите дека за одредени танкери се бара надомест од околу два милиони долари за премин.

— реклама —

Според истиот извор, Трамп се соочува со сериозен притисок и на домашен план, поради растот на цените на нафтата и пошироките економски последици од конфликтот.

— реклама —

„Треба што поскоро да излезе од замката во која го вовлече Нетанјаху и да ги прифати иранските услови“, се наведува во изјавата.

Во спротивно, предупредува изворот, американскиот претседател би можел да се соочи со долгорочен и неизвесен конфликт, кој би имал сериозни последици и по неговата политичка кариера.

— реклама —

„Ако не направи отстапки, ризикува да тргне по пат без крај и да ја прокоцка целата своја политичка кариера“, заклучува иранскиот извор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 5 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 6 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања