Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран со закана: „Ако дојдат американски трупи – ќе ги запалиме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Иран испрати остра порака до САД, откако претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф изјави дека иранските сили се подготвени за евентуално пристигнување на американски трупи, предупредувајќи на жесток одговор.

— реклама —

Во изјави пренесени од IRNA, Галибаф го обвини Доналд Трамп за двојна политика – јавно повикување на преговори, додека паралелно, според него, се подготвува копнена воена операција.

— реклама —

„Непријателот отворено испраќа пораки за преговори, а потајно планира копнен напад. Нашиот народ го чека доаѓањето на американските војници – ќе ги запали“, изјавил Галибаф.

— реклама —

Изјавата доаѓа во момент кога американските медиуми објавија дека Пентагон разгледува сценарија за копнени операции во Иран. Дополнително, американската војска најави распоредување на околу 3.500 војници од 31-та експедициска единица на маринците на Блискиот Исток.

Овие пораки дополнително ја засилуваат реторичката ескалација меѓу Техеран и Вашингтон, во услови на веќе сериозна воена и политичка напнатост во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања