Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Иран започна брутална акција против наводни шпиони – повеќе од 700 уапсени, неколку погубени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
IMG_6878

Иранските власти тврдат дека преземаат неопходни мерки за заштита на националната безбедност, но активистите и набљудувачите предупредуваат дека станува збор за обид да се задуши несогласувањето и да се засили контролата врз населението.

Според информациите објавени од персискиот сервис на Би-Би-Си, иранските функционери тврдат дека израелски агенти без преседан се инфилтрирале во безбедносните структури на земјата. Протекувањето на информации, според наводите, овозможило серија атентати врз високи команданти на Револуционерната гарда и научници поврзани со нуклеарната програма.

— реклама —

Во текот на 12-дневниот вооружен конфликт со Израел, три лица обвинети за шпионажа биле погубени, а уште три ден по прогласувањето прекин на огнот. Државната телевизија емитуваше наводни признанија од уапсени, кои, според властите, признале соработка со израелскиот Мосад.

Иранските безбедносни сили досега уапсиле повеќе од 700 лица од 13 јуни наваму, под сомневање за шпионажа, според новинската агенција Фарс, блиска до Револуционерната гарда. Министерството за разузнавање тврди дека води „неуморна борба“ против западните разузнавачки служби – ЦИА, Мосад и британскиот МИ6.

— реклама —

Исто така, започната е кампања со испраќање предупредувачки пораки до граѓани чии телефонски броеви биле поврзани со израелски профили на социјалните мрежи. Од нив се бара итно да ги напуштат тие страници или ќе се соочат со кривична одговорност.

Се врши и силен притисок врз новинарите што работат за медиуми во странство – Би-Би-Си Персијан, Иран Интернешнл и Маното ТВ. Револуционерната гарда, според тврдењата, уапсила родители и брат на водителка на Иран Интернешнл, за да ја натера да даде отказ. Исто така, властите стапиле во контакт со семејствата на новинари од Би-Би-Си, предупредувајќи ги дека тие се „непријатели на Бога“ – обвинение кое во Иран носи смртна казна.

Маното ТВ пријави закани и кон своите вработени, од кои некои се обвинети за шпионажа и „непријателство кон Бог“. Набљудувачите веруваат дека ова е дел од поширока стратегија на заплашување, насочена не само кон активисти и новинари, туку и кон уметници, писатели и роднини на жртви од протестите во 2022 година.

— реклама —

Особено се таргетирани семејствата на загинатите во протестите одржани под слоганот „Жени, живот, слобода“. Стотици беа убиени, илјадници уапсени, а сега, велат активистите, без конкретни обвиненија се апсат и членови на нивните семејства.

Во текот на конфликтот со Израел, властите сериозно го ограничиле пристапот до интернет, а и покрај прогласеното примирје, нормална конекција сè уште не е воспоставена. Пристапот до социјалните мрежи како Инстаграм, Телеграм, Јутјуб и Икс (поранешен Твитер) е блокиран со години и достапен само преку ВПН.

— реклама —

Аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата потсетува на 1980-тите, кога во текот на иранско-ирачката војна властите спроведоа масовни репресии врз политичката опозиција. Особено се споменуваат масовните егзекуции од 1988 година, кога илјадници политички затвореници беа погубени по тајни судења. Поголем дел од нив беа погребани во необележани масовни гробници.

Стравот сега е дека Иран, ослабен по последниот судир со Израел, би можел повторно да тргне по истиот пат – со репресија, затворања и егзекуции во обид целосно да го задуши секој облик на несогласување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

По Хамнеи: Иран влегува во нова ера, но мирот останува неизвесен

Свет | пред 3 часа

— реклама —
a67k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRrN01EQV8vYTQxZTZkMjc2ODgyMGVhYTg1ZjYyOGI5OGY1ZjY4OGUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB-1

По пет месеци повторно воспоставен поморскиот сообраќај меѓу Иран и Катар

Свет | пред 1 ден

media-library7ummkpu7em4b3on2ulh

Масовна погребна церемонија за Хамнеи, неговиот наследник повторно не се појави

Свет | пред 1 ден

media-library7ummkpu7em4b3on2ulh

Телото на Хамнеи изложено во Техеран, Иран очекува до 20 милиони луѓе на погребот

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања