Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Иранскиот претседател: Никогаш нема да се предадеме – Трамп ќе ги однесе соништата за капитулација во гроб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryhh36fs92k6hgfJs9IBw

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран „никогаш нема да се предаде“, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската војска возвраќа со удари и кон неколку земји од Персискиот Залив.

— реклама —

Пезешкијан се огласи помалку од еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без „безусловна предаја“.

— реклама —

Во телевизиско обраќање на државната телевизија, иранскиот претседател ги отфрли ваквите барања.

Во меѓувреме, според наводите, по убиството на врховниот лидер Али Хамнеи пред една недела, во Иран е воспоставено привремено трипартитно раководство што ќе ја управува државата додека не биде избран негов наследник.

— реклама —

Во советот се претседателот Пезешкијан, кој во јавноста важи за поумерен политичар, потоа претседателот на правосудството и тврд конзервативец Голамхосеин Мохсени Еџеи, како и високиот клерик Алиреза Арафи.

Пезешкијан, исто така, соопшти дека привременото раководство одлучило соседните земји повеќе да не бидат цел на напади, освен ако нападите врз Иран не бидат иницирани од нивна територија. Како што пренесуваат иранските медиуми, тој им се извинил на соседните држави за ударите што се случиле во последните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања