Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Исчезнати се повеќе од 100 лица откако воен брод беше нападнат од подморница кај Шри Ланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarys2ss5j5rskki5qC4QHj

Повеќе од 100 лица се водат како исчезнати по напад на подморница врз иранска фрегата кај брегот на Шри Ланка, јавуваат странските медиуми.

— реклама —

Нападот се случил надвор од територијалните води на островската држава, а спасувачките операции се во тек. Според извори од морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка, исчезнати се најмалку 101 лице, додека 78 се повредени.

— реклама —

Портпаролот на морнарицата ги оспорил овие бројки, но засега не соопштил нови податоци. Потврдено е дека 32 повредени морнари се спасени и се наоѓаат на болничко лекување.

— реклама —

Според извештаите, станува збор за иранската фрегата „ИРИС Дена“. Морнарицата на Шри Ланка започнала спасувачка мисија откако од бродот бил испратен повик за помош во близина на градот Гале на југот на земјата.

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Ирански воен брод тоне кај Шри Ланка, во тек спасувачка операција

Морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка се ангажирани во спасувачка операција откако ирански воен брод почнал да тоне во близина на островот, соопштија властите.Министерот за надворешни работи Виџита Херат изјави во парламентот дека во раните утрински часови бил примен сигнал за помош од бродот ИРИС Дена. Според информациите, на бродот имало околу 180 лица.Херат додаде дека 30 повредени морнари биле пренесени во болница во пристанишниот град Гале.Причината за тонењето засега не е позната

Свет | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања