Граѓаните на Исланд на референдум го одбија предлогот за повторно отворање на преговорите за членство во Европската Унија.
Според досегашните резултати, повеќе од 52 отсто од гласачите се изјасниле против продолжување на процесот, со што практично е запрена можноста Исланд во овој момент да го продолжи патот кон членство во ЕУ.
Пребројувањето на гласовите е завршено во речиси сите изборни единици, а останува уште југозападната област. Сепак, за конечниот исход да биде променет, таму би биле потребни значителни отстапувања од досегашните резултати.
Проевропската опција победила само во главниот град Рејкјавик, каде што околу 56 отсто од гласачите се изјасниле за повторно отворање на преговорите.
Референдумот се одржа во саботата, а граѓаните одлучуваа дали земјата повторно да ги отвори преговорите за пристапување кон ЕУ, кои беа прекинати пред повеќе од една деценија.
Позитивен исход не би значел автоматско членство на Исланд во Унијата, туку само повторно започнување на преговорите и утврдување на условите за евентуално пристапување.
Иако повеќемесечните анкети во најголем дел им даваа предност на поддржувачите на поблиски односи со ЕУ, во завршницата од кампањата ситуацијата се промени. Последното истражување на јавното мислење, објавено во петокот, за првпат покажа предност на противниците на повторното отворање на преговорите.
Клучни теми во кампањата беа животниот стандард, националниот суверенитет и заштитата на риболовните подрачја.
Исланд не е членка на ЕУ, но е дел од Шенгенскиот простор и Европскиот економски простор, заедно со Норвешка и Лихтенштајн. Преку ЕЕП, земјата има пристап до единствениот европски пазар и истовремено применува значителен дел од законодавството на ЕУ, иако не учествува во неговото донесување.
Одлуката на референдумот значи дека Исланд засега нема да го продолжи процесот за повторно отворање на пристапните преговори со Брисел.
Исланд на референдум: Граѓаните одлучуваат за повторно отворање на преговорите со ЕУ
Исланѓаните денес излегуваат на референдум на кој ќе одлучат дали сакаат повторно да ги отворат преговорите за пристапување на земјата во Европската унија.Референдумот е најавен во март, откако актуелната проевропска влада, предводена од социјалдемократите, која победи на изборите во 2024 година, најави изјаснување на граѓаните за обновување на пристапните преговори.Исланд уште во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ, по глобалната финансиска криза која сериозно ја погоди земјата. Сепак,
Свет | пред 1 ден