Промени тема
Контакт

Исланѓаните кажаа „не“ за ЕУ: Со 52 отсто го отфрлија продолжувањето на преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarytqlhlq4tbi5l9Ld1vE3
Photo by James on Unsplash

Исландските граѓани на референдум со тесно мнозинство од 52 отсто го отфрлија продолжувањето на преговорите за пристапување кон Европската унија, со што земјата засега се откажа од можноста да стане членка на Унијата.

Одлуката претставува удар за владата на премиерката Кристин Фростадотир, која се залагаше за приближување и членство во ЕУ. Според анализите на германските медиуми, во кампањата против продолжувањето на преговорите особено влијаеле стравувањата на земјоделците од поголема конкуренција, но и прашањето за риболовот.

Како една од главните причини се посочува и влијанието на моќното рибарско лоби. Десетина големи компании уште од 1980-тите години контролираат голем дел од риболовните квоти во земјата, а неодамнешни истражувања покажале дека дел од нив вложиле значителни средства во кампања против приближувањето кон ЕУ.

Рибарската индустрија, според анализите, има и блиски односи со најголемиот дневен весник во Исланд, кој за време на кампањата бил силен глас против европската интеграција.

— реклама —

На крајот, според германските медиуми, стравот од губење на контролата врз националните ресурси и желбата за зачувување на суверенитетот надвладеале над аргументите на поддржувачите на членството. Тие сметаат дека влезот во ЕУ би донел поголема економска стабилност и дополнителна безбедност.

„Passauer Neue Presse“ оцени дека Исланѓаните ѝ „задале удар на Европската унија“, но додава дека одлуката не значи крај на европската интеграција.

Од друга страна, „Tageszeitung“ оценува дека одлуката не треба да се сфаќа лично во Европа, бидејќи Исланд традиционално ја цени својата независност, а како членка на Европската економска област веќе ги користи дел од придобивките поврзани со европскиот пазар.

„Neue Osnabrücker Zeitung“ беше покритичен кон ЕУ, оценувајќи дека Унијата повеќе не се доживува како некогаш и дека аргументот за единствениот пазар не е доволен за да ги убеди граѓаните. Весникот предупредува и на перцепцијата за ЕУ како бирократска и прекумерно регулирана заедница.

— реклама —

„Volksstimme“ оцени дека кај Исланѓаните „поблиска е националната кошула отколку европскиот капут“, посочувајќи дека риболовот е клучен за нивната економија, додека строгите европски правила и квоти за улов се непопуларни во рибарскиот сектор.

„Süddeutsche Zeitung“, пак, смета дека самото одржување на референдумот било грешка и го споредува случајот со референдумот за Брегзит во Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

EU-1

Со 52 отсто гласови против: Исланд се откажа од патот кон членство во ЕУ

Свет | пред 10 часа

media-libraryo8443gidq2eh61Wg51f

Исланд кажа „не“ за ЕУ: Над 52 отсто од граѓаните против нови преговори

Свет | пред 1 ден

media-librarydddsiklda63j8R7uTHs

Исланд на референдум: Граѓаните одлучуваат за повторно отворање на преговорите со ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-libraryen06tq2d2hg0evrsWZD

Најмирните земји во светот за 2026: Исланд повторно на врвот

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања