Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Италија го казни „Рајанер“ со 256 милиони евра поради злоупотреба на пазарната позиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z
Скопје1.мк

Италијанското тело за заштита на конкуренцијата (AGCM) изрече казна од 256 милиони евра на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, обвинувајќи ја за спроведување „злоупотребна стратегија“ со која им бил отежнат или оневозможен пристапот на туристичките агенции до нејзините услуги.

— реклама —

Според AGCM, од април 2023 година па најмалку до април годинава, „Рајанер“ намерно го комплицирал процесот на резервација на летови преку својата интернет-страница за патничките агенции. Казната е изречена и на Ryanair DAC и на неговата матична компанија Ryanair Holdings PLC.

По спроведена, како што ја нарекоа, сложена истрага, италијанските регулатори утврдиле дека авиопревозникот воспоставил системска стратегија со која ја ограничувал можноста онлајн и традиционалните туристички агенции да резервираат летови преку платформата ryanair.com. Според наодите, ваквата практика ги блокирала, отежнувала или дополнително ги поскапувала резервациите, особено кога тие биле комбинирани со летови од други авиокомпании или со други туристички и осигурителни услуги.

— реклама —

Од AGCM наведуваат дека ваквото однесување негативно влијаело врз продажбата на туристичките агенции и врз нивната способност да привлечат онлајн сообраќај, најмалку до евентуалната интеграција на API-системот на „Рајанер“.

— реклама —

Авиокомпанијата најави дека ќе поднесе жалба, оценувајќи ја одлуката како „правно неисправна“. Од „Рајанер“ соопштија дека веќе ги задолжиле своите адвокати да ја оспорат, како што ја нарекоа, неточната и бизарна пресуда на италијанското тело за заштита на конкуренцијата.

Во својата реакција, ирскиот превозник потсети на пресуда на Судот во Милано од јануари 2024 година, со која моделот на директна продажба на „Рајанер“ бил оценет како корисен за потрошувачите и како модел што обезбедува конкурентни цени. Според компанијата, италијанските власти неосновано се обидуваат да го игнорираат тој судски преседан и погрешно да тврдат дека „Рајанер“ има доминантна позиција на пазарот на авионски услуги кон и од Италија.

Од авиокомпанијата изразија уверување дека и одлуката и високата казна ќе бидат поништени во жалбената постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 1 ден

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 6 дена

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања