Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Приказната за трагедијата во Кочани продолжува да стигнува до меѓународната јавност преку документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал.

Иван Ивановски, директорот на фотографија на филмот и дел од тимот волонтери на „Support Kočani“, сподели дека претставувањето на филмот во Сараево е важен момент за сведоштвата од Кочани да бидат слушнати и надвор од земјата.

— реклама —

„Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред меѓународната јавност. Како директор на фотографија на филмот и дел од тимот волонтери на „Support Kočani“, го споделивме овој важен миг на вистината со светската јавност“, напиша Ивановски.

— реклама —

Тој нагласи дека со тоа не завршува нивната мисија, посочувајќи дека Кочани има потреба од долгорочна и системска поддршка, особено во работата со младите.

— реклама —

„Кочани има потреба од системска рехабилитација, многу работа со младите и длабок, колективен ангажман од сите – од локалната заедница и државата до целиот регион“, порача Ивановски.

Според него, на градот му е потребен вистински простор за живот и перспектива, што може да се обезбеди само преку здружени сили и континуирана работа.

Објавата ја посвети на сите што ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 5 дена

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања