Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Израел подготвува напади врз ирански енергетски објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW
Илустрација

Израел се подготвува за можни напади врз ирански енергетски постројки, но ја чека конечната одлука од Вашингтон, изјавил висок израелски одбранбен претставник, пренесува Ројтерс. Според него, доколку се даде зелено светло, нападите би можеле да започнат веќе следната недела.

— реклама —

Овие најави доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп му постави ултиматум од 48 часа на Иран, дополнително заострувајќи ја ситуацијата и отворајќи прашање дали Соединетите Американски Држави ќе поддржат нова израелска воена акција.

— реклама —

Во последните обраќања, Трамп се закани со напади врз клучната иранска енергетска инфраструктура доколку Техеран не ги прифати условите на Вашингтон, меѓу кои и отворање на Ормускиот теснец. Тој спомена и можни напади врз електрани и мостови, нагласувајќи дека Иран ќе биде погоден „исклучително силно“ доколку не попушти.

— реклама —

Во меѓувреме, расте притисокот врз Вашингтон да донесе одлука дали ќе ја прошири воената кампања против Иран или ќе се обиде да избегне понатамошна ескалација.

Конфликтот, кој трае од крајот на февруари, веќе сериозно ги наруши глобалните енергетски пазари и доведе до нагло зголемување на цените на нафтата, додека Ормускиот теснец останува една од клучните точки на тензија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања