Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Израелски министер: Веќе победивме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
11-izrael

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека таа земја ефективно ја добила војната со Иран, но дека кампањата на воздушни напади ќе продолжи сè додека не се постигнат сите цели.

— реклама —

Сар, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Естонија Маргус Цакна, рече дека Израел настојува да ги отстрани „егзистенцијалните закани“, пренесува Ројтерс.

„Веќе победивме. Ова е јасно за нас и за нашите соседи, но ќе продолжиме додека мисијата не заврши“, изјави Сар.

— реклама —

Тој додаде дека Иран е „драматично ослабен“ и дека повеќе не е земјата каква што била пред почетокот на војната на 28 февруари, по заедничките американско-израелски напади.

— реклама —

Сар истакна дека режимот во Иран може да биде соборен само од иранскиот народ.

Говорејќи за иранската блокада на Ормускиот теснец, Сар оцени дека блокирањето на овој пловен пат, низ кој поминува околу 20 отсто од светската трговија со нафта, претставува „модерно пиратство“ и глобален проблем.

Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цакна, изјави дека членките на НАТО и Европската Унија се отворени за учество во мисија предводена од Соединетите Американски Држави за повторно отворање на овој стратешки пловен пат, но нагласи дека Вашингтон најпрво треба да ги разјасни своите цели и видот на поддршка што ја бара.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања