Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Нови детали од сведокот: Ја давеше во кола, Ивана се онесвести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarytf50usouacg29f50WNi

Мартин Саздов сведочеше дека Ивана ден пред 2 март му пишувала дека не може да издржи, дека е исплашена и психички падната поради Стојанче. Тој ја посетил на работа и ја советувал да оди кај мајка ѝ, предупредувајќи дека може да ја убие. Кога се вратил по нејзин повик, Стојанче ја тепал; потоа во кола ја удирал и давел додека оделе кон суд. Пред судот повторно ја нападнал, па Ивана повикала полиција. Саздов тврди дека полицајците им рекле сами да си го решат проблемот и ја предупредиле Ивана дека ќе ја казнат ако пак пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Еден ден пред да се случи трагедијата, Мартин Саздов сведочеше дека комуницирал со Ивана која цело време му пишувала дека веќе не може да издржи, дека ѝ е многу тешко, дека не може да го поднесе Стојанче, дека е психички падната и многу исплашена.

„Еден ден пред 2 март, вечерта, Ивана ми пиша „Мартин, те молам не ме оставај, многу ми е тешко, не можам да го издржам ова.“ Но јас вечерта сум заспал и не сум ѝ вратил одговор на пораката. Утрото се облеков и отидов кај неа на работа, да ја видам. Ја замолив да оди кај мајка ѝ, ѝ реков не дај боже, еден ден ќе те убие. Таа велеше дека не може да го остави станот, дека ќе остане на улица, дека Катја си ја бара собата.

— реклама —

Саздов сведочеше дека по разговорот тој си заминал, и и рекол дека ќе зборуваат друг ден, но по две минути таа му се јавила.

„Немаше минута-две, кога ми се јави исплашена и рече „те молам врати се, Стојанче е тука“. Кога стигнав, Стојанче почна да ја тепа, почнав да го влечам, му реков да не ја удира. Му реков на Стојанче качи се во кола, да си одиме, а на Ивана ѝ реков да оди на работа. Ми беше страв да ги оставам таму. Стојанче влезе во возилото, влезе и Ивана. Ѝ реков да оди на работа, не сакаше. Го прашав Стојанче каде да го возам, ми рече да го носам во суд дека треба да се пријави.

— реклама —

Додека оделе кон судот, Стојанче се свртел кон Ивана и почнал да и удира боксови на Ивана и да ја дави, по што таа се онесвестила, сведочеше Мартин.

„Јас го влечев, застанав среде улица на Партизанска за да ги разделам. Се свртев да видам дали Ивана е добра. Стојанче ми рече „Остави ја, глуми, сега ќе ѝ го земам телефонот, ќе видиш како ќе стане.“ Почна да ѝ го влече телефонот, Ивана се освести. Стојанче почна да се смее и да вели „виде ли како глуми“. Стигнавме пред судот, не се сеќавам дали таму ја удри, сведочеше Мартин.

Откако Стојанче се пријавил во судот, тргнале кон колата, каде ги чекала Ивана и зборувала на телефон. Стојанче ја прашал со кого зборувала, а таа рекла дека зборувала со мајка ѝ. Стојанче инсистирал да види, мислел дека го пријавувала во полиција, а потоа се тргнале на страна за да прават муабет.

„Тој пак почна да ја тепа, ја удри со двете раце одеднаш во главата. Јас се стрчав, го тргнав. Ивана го зеде телефонот, се јави во полиција и рече дека сака да пријави насилство. Стојанче ја навредуваше, ѝ рече „ништо не можеш да ми направиш“ и се смееше. Рече „ќе видиш со кого си имаш работа“. Ја навредуваше сѐ додека дојде полиција. Полицајците дојдоа, ја тргнаа Ивана на страна и разговараа, па го тргнаа и Стојанче на страна и разговараа.

Според сведочењето на Саздов, полицајците им ги вратиле личните карти и им рекле да си го решат проблемот.

„Кога тргнавме, полицајците застанаа до нашето возило и рекоа да застанеме, зашто пак има пријава за закани. Ја викнаа Ивана, ја прашаа кој ѝ се заканувал, а таа молчеше. Полицајците почнаа да викаат „ако уште еднаш пријавиш ќе ти пишеме казна за лажно пријавување. Им реков да не ѝ пишуваат казна и да ја остават да си оди – сведочеше Мартин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 1 седмица

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 1 седмица

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања