Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: Силна поддршка од Словенија за зајакнување на образованието на медицинските сестри и акушерките по европски стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library44624d58jbkuelujWIy

Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028 година, се наведува во соопштение од Министерството за образование и наука.

— реклама —

Во соопштението, министерката Весна Јаневска истакнува дека Словенија дава силна поддршка за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, преку конкретна соработка во образованието и здравството и пренесување на добри практики.

— реклама —

Како што се наведува во соопштението, во изминатиот период биле поставени основи за реформи во образовните програми за сестринство и акушерство, со цел унапредување на здравствениот кадар и усогласување со европските стандарди.

Во соопштението се пренесува дека е изготвена модернизирана и унифицирана додипломска програма за медицински сестри и акушерки, како и дека се работи на можностите за развој на магистерски студии во оваа област.

— реклама —

Според министерката, новите законски решенија ќе овозможат подобрување на кариерните патеки, повисоки плати и задржување на кадарот во државата, стои во соопштението.

Во соопштението се наведува и дека проектот го спроведува Центарот за европска перспектива со учество на повеќе меѓународни организации и стручни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library2lu3euolp37rd6bAm11

Над 10.800 средношколци учат според модернизирани наставни програми, во кои се вклучени СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfn0olm7epgef1GHZtQt

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Македонија | пред 1 седмица

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања