Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Регионалната конференција „Мостови кон иднината“ ја истакна академската соработка и интернационализацијата како стратешки приоритет за шест држави, за поголема вклученост во европските и глобалните мрежи и справување со демографските предизвици, недостигот на вештини и одливот на таленти преку мобилност и заеднички решенија. Министерката Весна Јаневска нагласи инвестиции во знаење, иновации, врски со индустријата и усогласени програми со пазарот на труд. Следува сумирање предлози и нивно претворање во мерки за поголема мобилност, соработка и иновации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование, зголемувајќи ја нивната видливост и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици кои бараат нови модели за привлекување и задржување студенти и кадри. Недостатокот на вештини и иселувањето на талентите не можат да се решаваат изолирано, туку преку мобилност, циркулација на идеи и, пред сè, преку заеднички решенија.

— реклама —

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа презентирани бројни идеи, искуства и насоки за унапредување на интернационализацијата и засилување на регионалната соработка во делот на високото образование.

— реклама —

Беше потенцирана важноста на инвестирањето во знаење, иновации и врски со индустријата, како и усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд, како основа за создавање конкурентен и иновативен систем на високо образование.

— реклама —

„Ние сме мали држави во регион со огромен потенцијал. Зголемените вложувања во високото образование, засновани на регионална соработка и размена на искуства во рамки на европските мрежи и иницијативи, но и пошироко, ќе ни помогнат да споделуваме ресурси, да креираме заеднички проекти и да изградиме хабови за иновации кои ќе го забрзаат економскиот и општествениот развој на сите нас“, рече Јаневска.

Во следниот период претстои сумирање на сугестиите и предлозите, како и нивно преточување во приоритети и конкретни мерки кои ќе го придвижатрегионот кон поголема мобилност, соработка и иновации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Македонија | пред 1 ден

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Македонија | пред 1 ден

media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Македонија | пред 3 дена

media-library8f0ehn0niadhdqrxCHJ

Јаневска: Родителите да обрнат внимание што носат децата во нивните ранци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања