Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јаневска со порака на почетокот на 2025: Заедно за промени во образованието, одговорни сме за децата и за државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vesna-janevska

Новогодишната порака на министерката за образование и наука Весна Јаневска ви ја пренесуваме во целост:

„Новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања.

— реклама —

По половина година заедничко работење за да го направиме образованието подобро и поквалитетно, во 2025 заедно со учениците и студентите, наставниците и родителите, со сите граѓани кои веруваат дека можеме да имаме напреден воспитно-образовен систем -  продолжуваме.

— реклама —

Градиме образование на можности, во кое секое дете може да ги реализира своите потенцијали, кое го цени и вреднува придонесот на секој наставник, образование кое сплотува. Во септември почнавме со учебници за сите ученици, во јуни да ја завршиме учебната година со подобри резултати од лани. Тоа е целта на воведувањето едносменска настава и продолжениот престој во училиште, на растот на платите на вработените во училиштата, на реконструирањето и градењето нови училишни објекти, на промените во регулативата, на јакнењето на образовната асистенција и оптимизацијата на училишната мрежа. Во високото образование почнавме со промени кои ќе им понудат на студентите програми какви што бараат на странски универзитети, а нашите професори да можат да се одмеруваат на меѓународно ниво.

— реклама —

За да направиме стабилен воспитно-образовен систем во чии темели се вткаени најдобрите решенија што низ годините дале резултати и да го доградиме со нови решенија што ги бара дигиталното доба, треба да се здружиме сите што сакаме образовен исчекор.

Во новата година да се обединиме и да ги надминеме поделбите, затоа што сите имаме иста желба - нашите деца да добијат образование кое ќе им отвори животни и професионални можности какви што посакуваат.

Посакувам Новата година да Ви донесе добро здравје, многу моменти на среќа, радост и успех во остварувањето на сите ваши цели“, порача министерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr2ubmeo57qe490vh2Zz

Во Штип ќе се гради универзитетски фузиран центар за сајбер безбедност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5qh6hr1idd5n8eNG7WV

Нова лабораторија за претклинички вежби на Стоматолошкиот факултет при УКИМ

Македонија | пред 2 седмици

media-library44624d58jbkuelujWIy

Јаневска: Силна поддршка од Словенија за зајакнување на образованието на медицинските сестри и акушерките по европски стандарди

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryauap9k9q2pjo5eIDlfN

МОН: Се проширува капацитетот на ОУ „Крум Тошев“ во Гази Баба

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања