ЈО да отвори сопфатна истрага за сите злоупотреби со онколошка терапија и дали кризата е вештачка со цел изнуда на високи цени?, прашува ВМРО-ДПНМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
onkologija-terapija

„Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс“, вели ВМРО-ДПНМНЕ и додава:

— реклама —

Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, лица заболени од рак и од тоа прави бизнис и дебело профитира. А, од друга страна истите веледрогерии кои ги набават лековите, континуирано добивале и добиваат заштита од политички структури блиски до СДС и ДУИ.

— реклама —

Проблемот со недостаток на терапија за тешко болните пациенти од рак на Клиниката за онкологија не нешто ново и нешто што се случува само сега. Првите два до три месеци од годината во секоја година до сега има недостаток на онколошка терапија, а секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени.

— реклама —

Бидејќи секогаш има политичка заштита од структури во СДС и ДУИ, истата таа веледогерија, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето со цел голем профит и знаејќи дека луѓето и последните пари ќе ги дадат за лек, вештачки креира криза со лекови.

Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек.

Го поставуваме прашањето, дали е точно дека веледрогеријата Пановски, блиска до СДС, го уценува со цени македонското здравство? А оваа е истата веледрогерија од каде што Ирина Пановска како директор на една од клиниките при клиничкиот центар во Скопје во време кога министер за здравство беше нивниот близок, Венко Филипче, набавуваше лекови од веледрогеријава каде што татко и, исто така, бил директор.

Поставуваме уште едно логично прашање, дали е вистина дека оваа вештачки создадена криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постојат сомнежи дека се манипулира со цените на лекови?

Оттука, бараме и ги повикуваме надлежните институции да покренат сеопфатна истрага за сите злоупотреби кои прават на Клиниката за онкологија со терапиите за болните од рак. Исто така, да се посочат сите одговорни без разлика дали се лидери на партии или поранешни министри, медицински лица или лица дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат врз здравјето на најтешко болните пациенти.

Исто така треба да се утврди и вистината за тесната поврзаност и политичка и бизнис спрега на Венко Филипче со моќните веледрогерии.

ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство да се охрабри и да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување сеопфатна истрага со цел расчистување и изведување пред лицето на правдата на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која профитира милиони од болеста на луѓето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycq2j1d6q5i5q2GykEr4

Министерот Алиу: Приоритет е децентрализација на онколошките здравствени услуги

Македонија | пред 2 месеци

nino-vasev

„Молевме по луѓе за терапија“, искази на денешното рочиште за „Онкологија 2“

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

По 500 евра за секоја доза од лекот, толку давале мито! Продолжи судењето за „Онкологија“

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања