Промени тема
Контакт

ЈП ПОЦ со два меѓународни ISO сертификати за поквалитетно и поодговорно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library7i0jouk0b0bjcCc7kOy

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ продолжува со унапредување на своето работење преку воведување меѓународно признати стандарди за квалитет и заштита на животната средина.

Претпријатието успешно го заврши процесот на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина. Сертификатите му беа врачени на директорот Душко Коцевски од претставник на сертификациското тело „Интерцерт“.

— реклама —

Коцевски истакна дека сертификатите не претставуваат само формално признание, туку воспоставување систем на работа со јасни процедури, мерливи резултати и континуирано подобрување.

— реклама —

ISO 9001:2015 е насочен кон подобрување на работните процеси, ефикасноста и квалитетот на услугите, додека ISO 14001:2015 се однесува на одговорното управување со ресурсите и намалувањето на влијанието врз животната средина.

— реклама —

Од ЈП ПОЦ посочуваат дека примената на овие стандарди е дел од заложбите за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие и постојано подобрување на услугите за корисниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryelqsven9gv1sd4zOFB7

122 возила „паднаа“ на „Пајакот“ во Центар поради непрописно паркирање: ЈП ПОЦ најавува продолжување на акциите

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library343b1r99oied34f0NuS

Бесплатно паркирање за прво возило и нови правила за пофер користење на просторот

Скопје | пред 2 месеци

media-library343b1r99oied34f0NuS

ПОЦ: Новиот систем за паркирање во Центар треба да ги поттикне жителите гаражите да ги користат за автомобили, а не за бизнис

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

„Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар“, вели Герасимовски

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања