Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лажни казни од 20.000 денари за неплатено паркирање: ЈП ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Скопје
media-library6s00ngssqu4c0BPG5mm

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ предупредува дека граѓаните добиваат лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието за да изнудат пари и лични податоци.

— реклама —

Во пораките се наведуваат наводни неплатени обврски за паркирање, а примателите се упатуваат на лажни интернет-страници за извршување уплата. Испраќачите дополнително се закануваат со парични казни од најмалку 20.000 денари и суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.

Од ЈП ПОЦ категорично демантираат дека ги испратиле овие пораки и посочуваат дека станува збор за обид за интернет-измама, познат како фишинг.

— реклама —

Граѓаните се повикуваат да не одговараат на пораките, да не ги отвораат приложените линкови, да не внесуваат лични податоци или податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку нив.

— реклама —

Оние што веќе оставиле податоци од платежна картичка или извршиле уплата треба веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи.

За проверка на евентуални обврски за паркирање, од претпријатието апелираат да се користат исклучиво официјалните канали: веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса info@poc.mk и телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.

— реклама —

Од ЈП ПОЦ повикуваат на зголемена внимателност за да се спречат финансиски штети и злоупотреба на личните податоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library63qbnhtd989uasJQM2y

Пајак-службата во Центар отстрани 120 непрописно паркирани возила за една недела

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

123 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryelqsven9gv1sd4zOFB7

122 возила „паднаа“ на „Пајакот“ во Центар поради непрописно паркирање: ЈП ПОЦ најавува продолжување на акциите

Скопје | пред 3 месеци

media-library7i0jouk0b0bjcCc7kOy

ЈП ПОЦ со два меѓународни ISO сертификати за поквалитетно и поодговорно работење

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања