Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Каде е д-р Жан?“ – СДСМ обвинува за организирана кампања и селективна правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше на, како што наведуваат, континуираната лажна кампања и јавен линч насочен кон претседателот на партијата, Венко Филипче, при што, според нив, клучниот актер во обвинувањата – Жан Митрев – целосно исчезнал од јавноста.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека по неговото гостување на Алфа телевизија, каде што, како што велат, биле изнесени невистини и неосновани обвинувања на сметка на Филипче, д-р Митрев повеќе не се појавил во јавноста, ниту пак дал дополнителни изјави.

„Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема. Каде е д-р Жан?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата отвора и прашање за постапувањето на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека и покрај тоа што кампањата трае со недели, нема никаква институционална реакција.

„Го повика ли Обвинителството д-р Жан? Кога ќе оди и ќе даде изјава? Овие прашања ги поставуваме со недели, но одговор нема“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ оценуваат дека станува збор за организирана медиумска кампања која, според нив, се води преку медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, со цел политичка дискредитација, додека институциите остануваат неми.

„Кампањата трае со недели, но Обвинителството не реагира. Тоа отвора сериозни сомнежи за селективна правда и политички мотивирани напади“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi2c2r98upi1eaZgzk25

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење

Македонија | пред 2 седмици

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Филипче најави тужба за Жан: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Оформен предмет: Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде неговите удели

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања