Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Каде што срцето е дома“: Аеродром прв домаќин на серијата теренски посети на Министерството за локална самоуправа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

Општина Аеродром денеска беше домаќин на првата од серијата посети на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“. Оваа иницијатива има за цел изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок. На посетата присуствуваа министерот Златко Перински, заменик министерот Ерџан Селими, в.д. градоначалникот Дејан Митески, претседателот на општинскиот Совет, Љупчо Ацковски и членови на Советот.

Министерот Перински истакна дека како жител на Аеродром добро ги познава состојбите во Општината, а и свесен е за предизвиците и потребите на Општината и граѓаните.

— реклама —

„Како најнаселена скопска општина, Аеродром има свои предности, но и недостатоци. Најголем предизвик е да се постигне баланс помеѓу растот и одржливиот развој, со цел да биде осигурано квалитетно секојдневие на граѓаните од сите аспекти. Сакам јавно да му оддадам признание на в.д. градоначалникот Митески кој во досегашното раководење со Општината успешно се справува со сите околности и да го охрабрам да продолжи посветено и со визија да работи во интерес на сите аеродромци кои верувам се горди што живеат во општина која реално исполнува високи стандарди. Заеднички можеме и верувам ќе постигнеме уште повеќе“, изјави министерот Перински.

— реклама —

Во рамките на посетата се одржа отворена дискусија за планираните реформи на Законот за локална самоуправа, како и за актуелните проблеми со паркирање, загадување, урбанизација и безбедност во сообраќајот. Беа разгледани и иницијативи за промоција на алтернативни видови транспорт, поставување на паметни семафори, дигитализација на административни услуги и зголемување на зелените површини, со кои би се надминале дел од предизвиците за поквалитетно секојдневие на аеродромци.

— реклама —

В.Д. градоначалникот Митески и претседателот на Советот, Ацковски, ја поздравија иницијативата за теренските посети на општините, планираната измена на Законот за локална самоуправа и потенцираа дека Општината и Советот, ќе продолжат да работат посветено во интерес на граѓаните.

„Чест и задоволство ми е што нашата општина е прва во низата општини кои ќе се посетуваат како дел од „Каде што срцето е дома“. Владата и Министерството имаат голем слух за нас градоначалниците и нивната отвореност и подадена рака се од големо значење за Општината, односно за граѓаните и верувам дека соработката и поддршката ќе продолжи и во иднина, а и ние ќе продолжиме посветено да работиме во интерес на граѓаните кои ни ја дале довербата“, изјави в.д. градоначалникот Митески.

Утре, во рамки на „Каде што срцето е дома“ во Општина Аеродром, министерот Перински ќе одржи средба со претставници на бизнис секторот и невладини организации, културни и спортски работници, а добредојдени се и сите граѓани кои имаат прашања, предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 12 часот во ООУ „Љубен Лапе“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh2sh3vuf4ikjdmGoTvc

Нов асфалт, тротоари и осветлување на делница долга 777 метри во Аеродром

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library4gnvm44uc04k9UIfhNc

Пролетна дератизација во Општина Аеродром

Скопје | пред 1 седмица

media-library7dhbf8mtgg5l4iPeNxm

(Видео) 20.000 евра казна по драмата во Долно Лисиче, каде возач беше фатен како фрла шут на дива депонија

Скопје | пред 1 седмица

bucava

Аеродром тргнува во офанзива против бучавата – строги контроли и високи казни

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања