Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Калас „влезе во спор“ со Израел: „Се кршат верските слободи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
w_55031023

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас синоќа го осуди „кршењето на верските слободи“ откако израелската полиција го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим да служи миса на христијанскиот празник Цветници во Црквата на Светиот Гроб.

— реклама —

„Одлуката на израелската полиција да му забрани на латинскиот патријарх на Ерусалим да влезе во Црквата на Светиот Гроб на Цветници претставува кршење на верските слободи и долгогодишните заштити што ги опкружуваат светите места“, истакна Калас во објава на социјалната мрежа Икс.

Како што наведе, слободата на вероисповед во Ерусалим мора да биде целосно загарантирана, без исклучок, за сите религии.

— реклама —

„Мултирелигискиот карактер на Ерусалим мора да биде заштитен“, нагласи Калас.

— реклама —

Израелската полиција вчера наутро го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, како и отец Франческо Јелпо, поглавар на Кустодијата на Светата земја – францисканска провинција задолжена за чување на христијанските свети места – да пристигнат до Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим, каде требало да служат миса по повод празникот Цветници, соопштија Патријаршијата и Францисканската кустодија на Светата земја.

Според соопштението, двајцата највисоки католички свештеници во регионот „биле запрени на патот, додека се движеле приватно и без какви било обележја на поворка или церемонијален чин, и биле принудени да се вратат“.

— реклама —
izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Израелската полиција спречила одржување на миса за Цветници во Ерусалим, откако на латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и на кустосот на Светата земја Франческо Јелпо не им било дозволено да влезат во Црквата на Светиот гроб.Според Латинскиот патријархат, ваков случај се случува првпат по неколку векови. Настанот предизвика силни реакции во јавноста и осуди од меѓународната заедница.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека веднаш наредил на надлежните институции да му се овозможи

Свет | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

w_55031023

Каја Калас: Падот на руски дрон во Романија е сериозно кршење на европскиот воздушен простор

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
w_55031023

Каја Калас: Иран со неселективните напади сам си го забрзува падот

Свет | пред 3 месеци

w_55031023

ЕУ спрема нова забрана за Русите

Свет | пред 4 месеци

w_55031023

Калаc: Не можам да замислам создавање „европска армија“

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања