Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Камионските превозници продолжуваат со блокада на товарниот сообраќај на граничните премини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија продолжува и денеска како дел од заедничкиот протест на македонските и регионалните превозници. Тие бараат решение за проблемите предизвикани од воведувањето на електронскиот систем за евиденција за престој во Шенген-зоната, во согласност со правилото 90/180 дена, кое стапи на сила во април годинава.

Патничкиот сообраќај на премините кон Шенген-зоната функционира непречено, додека камионските превозници од Македонија и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сметаат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на возачите од ЕУ и бараат посебен статус како професионалци, наместо да бидат третирани како туристи.

— реклама —

– Поентата не е да ја блокираме сопствената економска активност, туку да покажеме што може да се случи. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека, и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади ниту сакаме да им нанесеме штета на производителите, трговците и населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок – изјави Билјана Муратовска од асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.

— реклама —

Таа потсети дека Македонија има потпишано билатерални договори со секоја држава за непречен пристап и движење на територијата на соседните држави. Исто така, економската оправданост за обезбедување по двајца возачи кога нема доволно возила е сомнителна, бидејќи е неефикасно еден возач да седи дома со минимална плата додека другиот работи.

Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, истакна дека ЕК е свесна за загриженоста на транспортните оператори од Западниот Балкан и дека внимателно ја следи ситуацијата. Тој појасни дека ЕЕС системот не воведува нови правила, туку овозможува подобра имплементација на веќе постојните правила за престојот во Шенген-зоната, кои дозволуваат 90 дена во период од 180 дена.

— реклама —

Министерот за транспорт, Александар Николоски, оцени дека предупредувањето доаѓа навреме и дека земјите членки на Шенген-зоната треба да изнајдат решение до крајот на февруари и март. Тој наведе три можни решенија: одложување на примената на новиот систем, зголемување на бројот на денови на престој во Шенген-зоната на најмалку 250 дена или третирање на професионалните возачи како професионалци преку посебни правила или работни визи, како што тоа го прави Швајцарија.

— реклама —

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, побара од амбасадорот на Кипар, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите и потенцира дека забавата на непречен транспорт со земјите од Западен Балкан е спротивна на политиката на ЕУ за интеграција и раст на пазарот.

На последиците од блокадите и примената на новиот систем укажаа и стопанските комори и бизнис конфедерацијата на Македонија, предупредувајќи за можни сериозни економски последици ако ситуацијата продолжи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

Трендафилов: Понудата за зголемување на платите е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library0un8h0k1klk17PAewJe

„Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!“ – Здрава котлина утре најавува блокада

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym32skuhq2gdi1Jc9VF6

Трендафилов повика на блокада: Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања