Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Катар енерџи обвинува „виша сила“: Прекинати испораките на гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
20220907072703

Компанијата Катар енерџи денеска соопшти на своите купувачи дека нема да може да испорача течен природен гас според договорените услови, повикувајќи се на „виша сила“. Ова сигнализира можно заострување на трката за енергент помеѓу купувачите во Европа и Азија.

— реклама —

Компанијата претходно во понеделникот објави дека поради „воени напади“ врз постројките во индустриските градови Рас Лафан и Месаид, прекинала производство на течен природен гас. Управата не соопшти кога постројките би можеле да продолжат со работа.

— реклама —

Катарското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона лансирани од Иран извршиле напад, при што целите биле резервоар за вода во состав на електрана во Месаид и енергетски објект во сопственост на Катар енерџи во Рас Лафан.

Надлежните власти темелно ќе ја проценат штетата и загубите предизвикани од нападот, а официјално соопштение ќе биде објавено подоцна“, пренесе Al Jazeera.

— реклама —

Катар произведува приближно петтина од светскиот течен природен гас и е втор на листата на водечки светски извозници, веднаш зад САД. Околу 82 отсто од катарскиот гас го купуваат клиенти од Азија.

Прекинот на испораките дополнително ќе ја заостри конкуренцијата за течен гас, бидејќи европските купувачи сега ќе се соочат со конкуренција од азиските пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања