Промени тема
Контакт

Катарските посредници пристигнуваат во Техеран во обид да спречат нова ескалација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryjb0rs07fbimvaDwqUEK
Unsplash

И покрај жестоката реторика меѓу Вашингтон и Техеран, дипломатските напори за ставање крај на конфликтот продолжуваат зад затворени врати.

— реклама —

Катарски преговарачи утринава отпатувале во иранската престолнина Техеран со цел да помогнат во финализирањето на евентуален договор меѓу Иран и САД, јави агенцијата Ројтерс.

— реклама —

Овој дипломатски потег доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе „плати цена“, додека од Техеран порачаа дека го преиспитуваат продолжувањето на преговорите со Вашингтон.

За развојот на настаните информираше и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван официјален претставник.

— реклама —

„По консултациите со САД, катарските преговарачи утрово отпатуваа за Техеран за да се сретнат со иранските претставници и да се обидат да ги надминат преостанатите разлики“, изјавил изворот.

— реклама —

Катар и претходно имаше улога на посредник во чувствителни регионални прашања, а најновата иницијатива се смета за обид да се зачува можноста за политичко решение и да се спречи натамошна ескалација на кризата на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 3 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања