Промени тема
Контакт

Кенија го потврди првиот случај на ебола, пациентот починал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
ebola

Кенија го потврди првиот случај на ебола кај свој државјанин кој во саботата пристигнал од Демократска Република Конго, но пациентот во меѓувреме починал, соопшти министерот за здравство, Аден Дуале.

— реклама —

Според министерот, досега се идентификувани 28 лица кои биле во контакт со заразениот пациент. Меѓу нив има членови на неговото семејство и здравствени работници, објави „Гардијан“.

— реклама —

ДР Конго во моментов се соочува со најголемата епидемија на ебола во својата историја. Станува збор за ретка форма на вирусот, позната како Бундибуџо. Епидемијата официјално била прогласена во средината на мај, иако се проценува дека започнала неколку месеци претходно.

Досегашните напори за запирање на ширењето не дале очекувани резултати. Во ДР Конго се регистрирани повеќе од 8.000 заразени и над 4.000 смртни случаи.

— реклама —

Болеста претходно се проширила и во Уганда, каде што биле пријавени 20 случаи и два смртни исходи. Светската здравствена организација во август прогласила дека Уганда е ослободена од ебола.

— реклама —

Еболата се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заразени лица, без разлика дали се живи или починати. Меѓу симптомите се висока телесна температура, повраќање и дијареја, додека во потешки случаи може да дојде до внатрешно и надворешно крвавење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Најсмртоносна епидемија на ебола во историјата на Конго: над 8.000 заразени и речиси 4.000 починати

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ebola

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати

Свет | пред 1 седмица

ebola-703x422

Ебола беснее во Конго: Бројот на потврдени случаи надмина 5.000, над 2.300 починати

Свет | пред 1 месец

ebola-kongo

СЗО со надеж: Епидемијата на ебола во Конго може да биде ставена под контрола за три месеци

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања