Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Кенија го потврди третиот случај на ебола, заразена е 65-годишна жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm
фото: unsplash

— реклама —

Кенија го потврди третиот случај на зараза со ебола, откако позитивен тест добила 65-годишна жена, блиска роднина на првите двајца заболени. Таа била во карантин од 6 октомври, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Според соопштението на кенијското Министерство за здравство, жената била изолирана и тестирана веднаш откако добила покачена телесна температура, болки во грлото и почувствувала општа слабост. Тестот ја потврдил инфекцијата.

„Дијагнозата беше поставена рано, а пациентката во моментов прима потпорна терапија, што ги зголемува нејзините шанси за закрепнување“, соопшти Министерството.

— реклама —

Случаите во Кенија се поврзуваат со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, во која, според наведените податоци, се регистрирани повеќе од 9.000 заразени и над 4.000 смртни случаи. Станува збор за втората најголема забележана епидемија на ебола во светот.

— реклама —

Првиот случај во Кенија бил потврден минатата недела. Станувало збор за Кениец кој се разболел во Конго околу еден месец пред да отпатува со автомобил во Уганда. На 3 октомври пристигнал со авион во Најроби, од каде што негов роднина го однел во болница. Тој починал на 5 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ebola

Епидемијата на ебола во Конго надвор од контрола: Над 5.500 починати и 11.000 заразени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ebola

Над 11.000 заразени со ебола во Конго, речиси половина починале

Свет | пред 2 седмици

ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 2 седмици

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања