Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кинески бродови поминаа низ Ормутскиот теснец: „Затворен е само за непријателите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycqb5etpa5skc8SCGR6U

Два контејнерски брода на кинескиот бродски гигант Cosco успешно поминаа низ Ормутскиот теснец, и покрај сериозните безбедносни тензии и драматичниот пад на поморскиот сообраќај во регионот.

— реклама —

Станува збор за бродовите „CSCL Indian Ocean“ и „CSCL Arctic Ocean“, кои во краток временски интервал го преминале теснецот и продолжиле кон Малезија, покажуваат податоците од системите за следење на поморски сообраќај.

Овој потег доаѓа откако Cosco неодамна повторно ги активираше резервациите за транспорт кон земјите од Персискиот Залив, откако претходно ги суспендираше поради војната во регионот.

— реклама —

Клучната порака доаѓа од иранските власти, кои тврдат дека Ормутскиот теснец не е целосно затворен, туку дека „е затворен само за непријателите“, додека за „пријателските земји“ е обезбеден безбеден премин.

— реклама —

И покрај ваквите тврдења, податоците покажуваат дека сообраќајот низ оваа стратешка рута, преку која се транспортира значителен дел од светската нафта, е намален за околу 95% од почетокот на конфликтот.

Дополнително, ирански парламентарен одбор веќе одобрил предлог-закон за воведување такси за транзит низ теснецот, што може дополнително да ги заостри односите и да влијае врз глобалните енергетски текови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 2 дена

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 3 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања