Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кипар ќе поднесе барање за членство во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО.

— реклама —

Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.

Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот премиер за да се разјасни дека британските бази на Кипар не се користат за офанзивни операции поврзани со војната.

— реклама —

Тој исто така изјави дека нападите кои досега биле извршени главно доаѓале од Либан и додаде дека е во постојана комуникација со претседателот на таа земја.

— реклама —

Разбирате дека во многу случаи целта од Иран е Израел. Проектилите минуваат низ регионот, низ поширокиот источен Медитеран, и тоа е нешто што се следи многу внимателно“, изјави тој.

Христодулидис додаде дека Кипар располага со сопствени системи кои се значително унапредени, а во исто време постои и заштита од британската страна, како и договори со европските држави.

Одговарајќи на прашање за можноста Кипар да стане членка на НАТО, тој рече дека доколку тоа би било можно веднаш, земјата би поднела соодветно барање, но дека тоа во моментот не може да се случи поради постојните политички околности и ставот на Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања