Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ќе го испита ли тимот на Заев и Венко случајот кога Анѓушев ги градеше модуларните, а една се запали и загинаа 14 лица?, прашува Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Настани
28122019_VRSM_Zaev_Angjusev_Dura

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на обвинувањата на СДСМ дека директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, е поврзан со фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Според Манасиевски, станува збор за „конструкции и дезинформации“, а партијата „се обидува да создаде скандал каде што нема никаква основа“.

„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче мисли дека открил Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ – како и илјадници други – и тоа е јавно достапен податок. Каде е криминалот? Го нема“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој додаде дека СДСМ треба да ги проверува информациите со стручни лица, а не „текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи“.

— реклама —

Манасиевски ги посочи, како што рече, „трите лаги на СДСМ“:

Прво, дека фирмата не е сопственост на Томовски и дека тој нема никакви приходи или врска со нејзиното работење.

Второ, дека телефонскиот број што го користи компанијата не е нејзин единствен контакт, а бројот што се споменува е личен број на Томовски кој го користи со години.

— реклама —

Трето, дека донациите на Томовски не претставуваат никаква незаконитост, бидејќи станува збор за јавно пријавени уплати.

„Во сите три случаи се потврдува дека СДСМ лаже“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој возврати со обвинување дека вистинските нерешени случаи не се кај ВМРО-ДПМНЕ, туку кај нивните политички противници.

„Е сега кога сме кај криминалот, го прашуваме Венко дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат!“, рече Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања