Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ќе им се суди на лицата кои му помогнале на возачот кој усмрти жена во Капиштец да избега, откриено како го изнеле низ државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
media-library57i6ivhg5bg59htlQsn

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители му помогнале да побегне на осомничен за сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на 9 јануари во скопската населба Капиштец. Двајцата се обвинети за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинението, тие со умисла му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, веднаш по несреќата дошле до домот на осомничениот, го зеле него и неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Откако ги оставиле таму, помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Со обвинението, јавниот обвинител доставил и предлог до судот за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.

— реклама —

Во меѓувреме, осомничениот за сообраќајната несреќа со смртен исход сѐ уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје.

Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.

Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи.

Од обвинителството информираат дека истрагата продолжува и дека паралелно се преземаат дејствија за утврдување на евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан. Од МВР апелираат граѓаните, доколку имаат сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryih61co04lqj148G9swE

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи

Настани | пред 5 дена

media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

Македонија | пред 5 дена

media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Скопје | пред 1 седмица

media-librarykpsqbkbvt26s35f6kLu

(Фото) ПОЦ и „Паркови и зеленило“ ги отстрануваат двете паднати дрвја во близина на училиштето Киро Глигоров

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања